мајчината душичка, измешајте и
одозгора ставете ја свинската плешка.
Ставете го јадењето во рерна.
• Време во апаратот (мин): 130
• Ниво на решетка: 1
4.9 Зајак:
За 4 лица.
Состојки:
• 2 зајачки грба
• 6 боровинки (згмечени)
• сол и црн пипер
• 30 g стопен путер
• 125 ml кисела павлака
• супа од зеленчук (морков, праз,
целер, магдонос)
Метод:
Истријте ги зајачките грбови со
згмечените боровинки, солта и црниот
пипер и премачкајте ги со стопениот
путер. Ставете ги зајачките грбови во
тава за печење, додаjте ја киселата
павлака и супата од зеленчук.
• Време во апаратот (мин): 35
• Ниво на решетка: 1
4.10 Полнети телешки гради:
За 4 лица.
Состојки:
• 1 парче леб
• 1 јајце
• 200 g мелено месо
• сол, црн пипер
• 1 кромид, исечкан
• магдонос, сечкан
• 1 kg телешки гради (со засечен џеб)
• супа од зеленчук (морков, праз,
целер, магдонос)
• 50 g сланина
• 250 ml вода
Метод:
Натопете го парчето леб во вода и
потоа исцедете го. Потоа измешајте го
со јајцето, меленото месо, солта,
црниот пипер, сечканиот кромид и
магдоносот. Зачинете ги телешките
гради (со засечен џеб во нив) и
наполнете го џебот со полнењето од
месо. Потоа цврсто затворете го
отворот. Ставете ги телешките гради
во тава за печење, додаjте ја супата
од зеленчук, сланината и водата.
Свртете го печеното месо по околу 30
минути.
• Време во апаратот (мин): 100
• Ниво на решетка: 1
4.11 Печење на шведски
начин:
За 4-6 лица.
Состојки:
• 200 g сушени сливи
• 150 ml бело вино
• 1,5 kg свинска слабина или телешки
грб (без коски)
• 1 кромид со средна големина
• jаболка
• сол, црн пипер и црвен пипер
Метод:
Омекнете ги сливите во бело вино
околу 2 часа. Исплакнете го кратко
месото со вода, потоа исушете го.
Исечете засеци во долната страна на
месото и забодете слива во секој
засек туркајќи ги колку што може
подлабоко во месото. Зачинете го
месото и ставете го во плех за печење
со страната без сливи свртена нагоре.
Излупете го кромидот и јаболкото,
исечете ги на осминки и ставете ги
околу печењето. Дополнете го
остатокот од виното во кое се киснаа
сливите до четвртина литар со вода и
сипете го врз печењето. Гарнир што
одговара се крокети, потпечен компир,
брокула или слично.
• Време во апаратот (мин): 60
• Ниво на решетка: 1
4.12 Телешка коленица:
За 4 лица.
Состојки:
• 1 задна телешка коленица 1,5 - 2 kg
• 4 парчиња варена шунка
• 2 супени лажици масло
• 1 лажичка сол
• 1 кафена лажичка благ црвен пипер
• 1/2 кафена лажичка босилок
• 1 мала конзерва сечкани печурки
(280 g)
www.electrolux.com8
Commenti su questo manuale