• 1 l вода
• 500 ml вински оцет
• 2 кафени лажички сол
• 15 зрна црн пипер
• 15 зрна боровинки
• 5 ловорови листа
• 2 снопчиња зеленчук за супа
(морков, праз, целер, магдонос)
Ставете ги заедно да зовријат, а потоа
оставете ги да се изладат.
Истурете ја маринадата врз
говедското да го прекрие и оставете го
да се маринира 5 дена.
Метод:
Извадете го парчето говедско од
маринадата и исушете го. Зачинете со
сол и црн пипер и запржете го од сите
страни во тавче, па додајте малку супа
од зеленчук од маринадата. Ставете
малку маринада во тавата за печење.
Долниот дел од месото треба да биде
потопен во 10 -15 mm течност.
Покријте ја тавата за печење со капак
и ставете ја во рерната.
• Време во апаратот (мин): 150
• Ниво на решетка: 1
4.4 Месен ролат:
За 4 лица.
Состојки:
• 2 парчиња сув леб
• 1 кромид
• 3 супени лажици сечкан магдонос
• 750 g мелено месо (мешавина од
јунешко и свинско)
• 2 јајца
• сол, црн пипер и црвен пипер
• 100 g тенки парчиња сланина
Метод:
Натопете ги парчињата леб во вода и
потоа исцедете ги. Излупете го
кромидот и ситно исечкајте го, потоа
динстајте го додека не пушти вода и
додаjте го исечканиот магдонос.
Измешајте ги заедно меленото месо,
јајцата, исцедените парчиња леб и
кромидот. Зачинете со сол, црн пипер
и црвен пипер, ставете го во
правоаголен сад за печење и покријте
го со парчињата сланина. Додајте
малку вода и ставете го јадењето во
рерната.
• Време во апаратот (мин): 70
• Ниво на решетка: 1
4.5 Зајак во сенф:
За 4 лица.
Состојки:
• 2 зајака, секој по 800 g
• сол и црн пипер
• 2 супени лажици маслиново масло
• 2 крупно исечкани кромида
• 50 g сланина исечкана на коцки
• 2 супени лажици брашно
• 375 ml пилешка супа
• 125 ml бело вино
• 1 супена лажица свежа мајчина
душичка
• 125 ml слатка павлака
• 2 супени лажици сенф Дижон
Метод:
Исечете ги зајаците на 8 парчиња со
слична големина, зачинете ги со сол и
црн пипер и запржете ги од сите
страни во тавче на рингла. Извадете
ги парчињата зајак и испржете ги
кромидот и сланината. Одозгора
попрскајте со брашно и измешајте.
Додајте ги со мешање пилешката
супа, белото вино и мајчината
душичка и оставете да зоврие. Додајте
ја слатката павлака и сенфот Дижон,
вратете го месото внатре, покријте го
со капак и ставете го јадењето во
рерна.
• Време во апаратот (мин): 90
• Ниво на решетка: 1
4.6 Особуко:
За 4-6 лица.
Состојки:
• 4 супени лажици путер за пржење
• 4 парчиња телешка потколеница, со
дебелина од околу 3 - 4 cm
(исечени попречно во однос на
коската)
• 4 средни моркови, ситно сечкани
• 4 стапчиња целер, ситно сечкани
• 1 kg зрели домати, излупени,
исечени на половинки, со
www.electrolux.com6
Commenti su questo manuale