
Чистете ги со четка кондензаторот (црната
решетка) и компресорот на задната страна на
апаратот. Со тоа се подобрува работењето на
апаратот и се штеди електрична енергија.
Внимавајте да не го оштетите
системот за ладење.
Многу средства за чистење кујнски површини
содржат хемикалии што може да ја нагризат
или оштетат пластиката на апаратот. Поради
тоа, се препорачува надворешноста на
апаратот да се чисти само со топла вода со
малку течност за миење.
По чистењето, приклучете ја повторно
опремата во електричната мрежа.
5.2 Одмрзнување на фрижидерот
Мразот автоматски се отстранува од
испарувачот во преграда од фрижидерот
секогаш кога моторниот компресор ќе
престане да работи во текот на вообичаената
употреба. Водата од одмрзнувањето истекува
во посебен сад од адната страна на апаратот,
над моторниот компресор, од којшто
испарува.
Важно е повремено да се исчисти дупчето за
истекување на водата од одмрзнувањето на
средината на каналот во фрижидерската
преграда за да се спречи прелевање на
водата и нејзино капење врз храната внатре.
Користете го приложениот специјален чистач,
што ќе го најдете веќе вметнат во дупчето за
истекување.
5.3 Одмрзнување на замрзнувачот
На полиците на замрзнувачот и околу
најгорната преграда секогаш ќе се формира
малку мраз.
Одмрзнете го замрзнувачот кога слојот мраз
ќе достигне дебелина од околу 3-5 mm.
Околу 12 часа пред одмрзнувањето,
свртете го регулаторот на
температурата кон повисоките
поставки за да се насоберат доволни
резерви студ за прекинот на
работата.
56
www.electrolux.com
Commenti su questo manuale