
2.8 Функција Shopping
Ако треба да ставите големо количество
топла храна, на пример откако сте се вратиле
од пазарење продукти, предлагаме да ја
вклучите функцијата Shopping за да ги
изладите продуктите побрзо и да избегнете
загревање на другата храна што е веќе во
фрижидерот.
Функцијата Shopping се активира со
притискање на функциското копче
(неколкупати, ако е потребно) додека не се
појави соодветната икона
.
Функцијата Shopping се исклучува автоматски
по околу 6 часа.
Mоже да се исклучи во секое време со
притискање на Функциското копче (видете во
„Активирање на функции“).
2.9 Функција Action Freeze (Акциско
смрзнување)
За смрзнување свежа храна, ќе мора да ја
активирате функцијата Action Freeze.
Притиснете го функциското копче
(неколкупати, ако е потребно) додека не се
појави соодветната икона.
Ова функција се исклучува автоматски по 52
часа.
Функцијата може да се исклучи во секое
време со притискање на функциското копче
(видете во "Мени со функции").
2.10 Аларм за прекумерна
температура
Зголемувањето на температурата во
комората на замрзнувачот (на пример, поради
тоа што снемало струја) се означува со:
• трепкање на температурата
• трепкање на комората на замрзнувачот
(индикаторот за комората на
замрзнувачот )
• црвено осветлување на екранот
•звучен сигнал
• симбол на аларм.
Кога ќе се вратат нормалните услови:
• звучниот сигнал се исклучува
• бројката на температурата продолжува да
трепка
• осветлувањето на екранот останува
црвено.
Кога ќе го притиснете функциското копче /
прекинувачот за ресетирање на алармот за
да го исклучите алармот, највисоката
достигната температура во комората се
прикажува на показателот
неколку
секунди.
Во тој момент, трепкањето престанува и
осветлувањето на екранот се менува од
црвено во бело.
За време на тревожењето, звучниот сигнал
може да се исклучи со притискање на
функциското копче / прекинувачот за
ресетирање на алармот.
Осветлувањето на екранот останува црвено
додека не се вратат нормалните услови за
чување.
3. ДНЕВНА УПОТРЕБА
3.1 Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот, измијте
ја внатрешноста и сите внатрешни додатоци
со млака вода и малку неутрален сапун за да
се отстрани карактеристичниот мирис на
новите производи, па исушете го темелно.
Не користете детергенти или груби
прашоци, тие може да ја оштетат
политурата.
3.2 Замрзнување на свежа храна
Одделот за замрзнување е погоден за
замрзнување на свежа храна и за долгорочно
чување на замрзната и длабоко замрзната
храна.
За да замрзнете свежа храна, активирајте ја
функцијата Fast Freeze најмалку 24 часа пред
да ја ставите храната во замрзнувачот.
Ставете ја свежата храна за замрзнување во
преградата Fast Freeze бидејќи тоа е
најстуденото место.
52
www.electrolux.com
Commenti su questo manuale