
Показни светла
Програма во тек Се пали кога е поставена програма за миење
и останува запалено додека трае
програмата.
Се гаси кога ќе заврши програмата за миење.
Крај Се пали кога ќе заврши програма за миење.
Функција Multitab Укажува на активирањето/деактивирањето
на функцијата Multitab (видете во "Функција
Multitab").
Сол
1)
Свети кога се потрошила специјалната сол.
Средство за плакнење
1)
Свети кога се потрошило средството за
плакнење.
1) Показните светла за сол и за средство за плакнење никогаш не се палат додека трае
програма за миење, дури и ако е потребно нивно дополнување.
Режим за поставување
Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување; ако светат СИТЕ светла на
програмските копчиња, апаратот е во
режим за поставување.
Запомнете дека кога ги вршите
следниве работи:
– одбирање програма за миење,
– поставување на нивото на
омекнувачот на вода,
– активирање/деактивирање на
дозерот за средство за плакнење,
апаратот МОРА да биде во режимот
за поставување.
Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување; доколку се запали
светлото на некое програмско копче,
последната извршена или одбрана
програма уште е поставена. Во тој
случај, за да се вратите во режимот за
поставување, програмата треба да се
откаже.
Откажување на поставена или тековна
програма
Држете ги притиснати двете копчиња
Cancel истовремено ( Cancel )
(функциските копчиња B и C ) додека не
се запалат светлата на сите програмски
копчиња. Програмата е откажана и
машината е во режим за поставување.
Прва употреба
Пред да ја користите машината за
миење садови првпат:
• Проверете дали електричните и
водоводните поврзувања се согласни
со упатствата за местење
• Отстранете ги сите материјали за
пакување од внатрешноста на
апаратот
• Поставете го нивото на омекнувачот
на вода
• Истурете 1 литар вода во садот за сол,
па наполнете го со сол за машини за
миење садови
• Наполнете го дозерот со средство за
плакнење
Ако сакате да користите
комбинирани детергентски таблети:
"3 во 1", "4 во 1", "5 во 1" итн.,
поставете ја функцијата Multitab.
(Видете во "Функција Multitab").
6 electrolux
Commenti su questo manuale