
4. Затворете го капакот и притиснете го
да се заглави.
Таблетите детергент од различни
производители се раствораат со
различна брзина. Поради тоа, некои
таблети детергент не се сосема
ефикасни за време на кратките
програми за миење. Затоа користете
долги програми за миење кога
користите таблети детергент, за да
обезбедите целосно остранување
на наталожениот детергент.
Функцијата 3 ВО 1
Апаратот е опремен со "функција 3 во 1"
што овозможува употреба на
комбинирани комбинирани таблети со
детергент.
Тие производи се детергенти со
комбинирани функции за миење,
плакнење и сол. Може да содржат и
други агенси, зависно од видот таблети
што ќе ги одберете ("3 во 1", "4 во 1", "5
во 1" итн.)
Проверете дали детергентите се
соодветни за тврдоста на вашата вода.
Погледнете ги упатствата на
производителот.
Кога ќе се одбере оваа функција,
останува активна за сите следни
програми за миење.
Кога ќе се одбере оваа функција, дотокот
на средство за плакнење и сол од
соодветните садови автоматски се
исклучува, а се исклучуваат и показните
светла за сол и средство за плакнење.
Кога се употребува функцијата "3 во 1",
траењето на циклусите може да се
смени.
Активирајте/деактивирајте ја
функцијата "3 во 1" пред почетокот
на програма за миење.
Кога ќе почне програмата,
функцијата "3 во 1" веќе НЕ МОЖЕ
да се менува. Ако сакате да ја
исклучите функцијата "3 во 1", треба
да ја откажете моменталната
програма, па потоа да ја исклучите
функцијата "3 во 1". Во тој случај, ќе
мора повторно да поставите
програма за миење (и саканите
опции).
Активирање/деактивирање на
функцијата "3 во 1"
Држете ги притиснати истовремено
двете копчиња за "3 во 1" (функциските
копчиња D и E) додека не се запали
показното светли за "3 во 1". Тоа значи
дека функцијата е активна.
За да ја исклучите функцијата,
притиснете ги истите копчиња повторно
додека показното светло соодветно на
симболот за функцијата "3 во 1" не се
изгасне.
Доколку резултатите на сушењето
не се задоволителни, предлагаме:
1. Наполнете го дозерот со
средство за плакнење.
2. Активирајте го дозерот за
средство за плакнење.
3. Поставете ја дозата на средство
за плакнење во положба 2.
• Активирањето/деактивирањето на
дозерот за средство за плакнење
е можно само кога е вклучена
функцијата "3 во 1".
Активирање/деактивирање на дозерот
за средството за плакнење
1. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување. Машината
за миење садови мора да биде во
режимот за поставување.
14 electrolux
Commenti su questo manuale