
Чистете го целиот прибор после секоја
употреба и оставете го да се исуши.
Користете мека крпа натопена со
топла вода и средство за чистење. Не
чистете го приборот во машината за
миење садови.
Тврдокорната нечистотија исчистете ја
со специјално средство за чистење
печки.
Ако имате нелеплив прибор, не
чистете го со агресивни средства или
остри предмети, ниту пак во машина
за миење садови. Тоа може да
предизвика оштетување на
нелепливиот слој.
На печката или на стаклените плочи
на вратата може да кондензира влага.
За да ја намалите кондензацијата,
пуштете ја печката да работи 10
минути пред готвење.Исчистете ја
влагата од внатрешноста пред секоја
употреба.
11.2 Печки од не’рѓосувачки
челик или од алуминиум
Чистете ја вратата на печката само со
мокар сунѓер или крпа. Исушете ја со
мека крпа.
Не користете челична жица, киселини
или абразивни материјали, бидејќи тие
можат да ја оштетат површината.
Чистете ја контролната табла на
печката со истите мерки на
претпазливост.
11.3 Држачи на решетки што
се вадат
За да ја исчистите печката, извадете
ги држачите за решетки.
ВНИМАНИЕ!
Внимавајте кога ги вадите
држачите на решетките.
1. Повлечете го предниот дел од
држачите настрана од страничниот
ѕид.
2. Повлечете го задниот дел од
држачите настрана од страничниот
ѕид и извадете го.
Монтирајте ја извадените додатоци по
обратен редослед.
Иглите за држење на
телескопските шини мора
да се насочени напред.
11.4 Пиролиза
ВНИМАНИЕ!
Извадете ги сите додатоци
и држачите кои се вадат.
Не почнувајте со чистење
со пиролиза ако не сте ја
затвориле целосно
вратата на печката. Кај
некои модели, екранот
покажува "C3" кога се
појавува оваа грешка.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Рерната станува многу
жешка. Постои опасност од
изгореници.
ВНИМАНИЕ!
Ако има други апарати
монтирани во истиот
плакар не ги користете
кога работи функцијата
Пиролиза. Тоа може да го
оштети апаратот.
www.electrolux.com38
Commenti su questo manuale