
Секојдневна употреба
Чување смрзната храна
По првото вклучување или по извесен
период некористење, пред да ставите
производи во преградата, оставете
апаратот да работи барем 2 часа на
најголемата поставка.
ВАЖНО Во случај на случајно
одмрзнување, на пример поради
снемување струја, ако немало струја
подолго време отколку под ставката
"време на одржување" во табелата за
технички карактеристики, одмрзнатата
храна мора да се изеде брзо или да се
зготви веднаш, а потоа повторно да се
смрзне (откако ќе се излади).
Одмрзнување
Длабоко смрзнатата и смрзнатата храна,
пред да се употреби, може да се одмрзне
во преградата на фрижидерот или на
собна температура, зависно од времето
достапно за оваа постапка.
Малите парчиња може дури и да се
готват смрзнати, директно од
замрзнувачот: во тој случај, готвењето
ќе трае подолго.
FreeStore
Преградата на фрижидерот е опремена
со уред што овозможува брзо
смрзнување на храната и порамномерна
температура во преградата.
Уредот се активира самиот кога е
потребно, на пример за брзо враќање на
температурата по отварањето на
вратата или кога околната температура
е висока.
Ви овозможува рачно да го вклучите
уредот кога е потребно (видете во
„Функција FreeStore“).
ВАЖНО Уредот FreeStore запира кога
вратата е отворена и повторно
започнува да работи откако вратата ќе
се затвори.
Подвижни полици
На ѕидовите на фрижидерот се
монтирани низа држачи, така што
полиците може да се наместат по желба.
Полица за шишиња
Ставајте ги шишињата (со отворот
свртен нанапред) на претходно
наместената полица.
ВАЖНО Ако полицата е ставена
хоризонтално, ставајте само затворени
шишиња.
electrolux 57
Commenti su questo manuale