10. ГАРНИР
10.1 Зеленчук, медитерански
Состојки:
• 200 g тиквички
• 1 црвена пиперка
• 1 зелена пиперка
• 1 жолта пиперка
• 100 g печурки
• 2 главички кромид
• 150 g розов домат
• зелени и црни маслинки
Метод:
Измијте го и исечкајте го зеленчукот
на парченца. Излупете го кромидот и
исечете го на ленти. Ставете го
зеленчукот во стаклен сад. Ставете го
садот во апаратот. Исечете ги
маслинките на резанки. По готвењето,
зачинете го зеленчукот со сол. црн
пипер, босилок и оригано според вкус.
• Време во апаратот: 25 минути
• Ниво на решетка: 1
• Додаjте 600 ml вода во фиоката за
вода
10.2 Зеленчук,
традиционален
Состојки / Метод:
Ставете ги заедно следниве
зеленчуци според вкус, околу 750 g
вкупно.
• келераба, излупена и исечена на
ленти
• моркови, излупени и исечени на
коцки
• карфиол, измиен и поделен на
цветови
• кромид, измиен и исечен на
резанки
• коморач, излупен и исечен на
резанки
• целер, исчистен и исечен на коцки
• праз, исчистен и исечен на резанки
После готвењето:
• 50 g путер
• ако сакате, црн пипер и сол
Метод:
Наредете ги зеленчуците во чинија од
не’рѓосувачки челик или во стаклен
сад со дупчеста влошка. По
готвењето, прелејте ги со течен путер
и евентуално посипете ги со црн пипер
и сол, ако е потребно.
• Време во апаратот: 35 минути
• Ниво на решетка: 1
• Додаjте 650 ml вода во фиоката за
вода
10.3 Излупени домати
Метод:
Расечете го горниот дел од доматите
во форма на крст, ставете ги во сад за
парење и ставете ги во апаратот. На
крајот од готвењето, отстранете ја
лушпата од доматите.
• Време во апаратот: 10 минути
• Ниво на решетка: 1
• Додаjте 150 ml вода во фиоката за
вода
10.4 Нелупени компири
Состојки:
• 1000 g средно големи компири
Метод:
Измијте ги компирите и ставете ги во
сад за парење.
• Време во апаратот: 50 минути.
• Ниво на решетка: 1
• Додајте 800 + 200 ml вода во
фиоката за вода
10.5 Варени компири
Состојки:
• 1000 g компири
Метод:
Излупете ги компирите и исечете ги на
четвртинки со еднаква големина.
Ставете ги компирите во сад за
парење и зачинете ги со сол.
• Време во апаратот: 40 минути.
• Ниво на решетка: 1
• Додаjте 800 ml вода во фиоката за
вода
www.electrolux.com28
Commenti su questo manuale